За прв пат после децении не се одбележа Денот на рибарите

За прв пат после децении немаше масовно   одбележување на  Денот на рибарите во Охрид. 

Традиционално на празникот Св Јован  на градското пристаниште или на месноста Сараиште    се капеа стотици млади охриѓани и ветераните. Некогаш се тркаа по буриња вино, некогаш само ја пееја Во Јордание  и на тој начин го одбележуваа празникот,  со кој се отвораше риболовната сезона.

На  овој ден завршуваше татиљот, забраната за лов на пастрмка. Па од рибниот улов во минатото се спремало чорба, мезе, греана ракија и вино. Последните години се подготвуваше казан од неколку тони рибна  чорба и беслпатно се делеше греана ракија и тони плашици.

„На денешниот ден еве и јас 2013 година псоледен пат  се фрлив на овој ден. Овој ден е практично денот на пуштањео на риболовот  после забраната секогаш траела од 25 декември до 20 јануари. И во очи на 20 јануар рибарите влегувале и на овој ден од уловените риби се правела рибна чорба  и ете се славел денот на рибарите со манифестција како капење на овие води кои и денес пред мене кога ги гледам велам прекрасни се“ , вели Љупчо Чаулев жител на Варош.

77 годишниот  Љупчо Чаулев е охриѓаецот кој може да се пофали со  најголемата уловена  пастрмка во Охридското езеро, во далечната 1971 година тешка 22 килограми. До ден денес не е уловена поголема  риба.

– „Не можевме да ја зимериме со обичната вага и позајмивме еден кантар  од тие ппазарџиски кантари. Кантарот беше на пппокојниот Бучко и мереше во оки и рибата беше 16 оки тоа значи некаде околу 22 кг. Татко ми од 1936 година откако очнал  да работи во Хидробиолошкиот завод и на научен план и на апликативна дејност мрест татко ми не видел таква големина на риба“  ,се присетува Чаулев.

Сликата може да содржи: 6 луѓе, вклучувајќи ги Kire Čorbe и Nikola Corbeski, луѓе кои стојат, брада, небо, од надвор и природа

Фаќачот на Светиот крст од Варош Никола Чорбески и неколкумина од неговата дружина симболично  го одбележеале денот Свети Јован  со капење на плажата Потпеш

 Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани