За Свети Атанасиј Велики богослужба во Љубаништа

Богослужба во село Љубаништа по повод Свети Атанасиј Велики.

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31. Јануари 2018 година (среда), во метохот на манастирот Св. Наум Охридски – „Св.Атанасиј Велики“ – Љубаништа, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. Атанасиј Велики“, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

 

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани