Зачестија нападите од бездомни кучиња во струшко.
Изминатите десетина денови состојбата е алармантна, случени се повеќе напади.
Кучиња скитници направија “масакр” во село Мислешево, удавија цело стадо овци.
Жртви на напади има и во строгиот центар на градот. Повредени се две малолетни деца и две жени кои завршија во болница.
Стружани се вознемирени и револтирани. Глутници агресивни кучиња има во сите населби во градот. Велат стравуваат за сопственото и здавјето на своите деца.
– „Полна е чаршијата со кучиња, полна е не се врви по чаршија. Опасни се трчаат по луѓе. Страшно е многу“, вели една стружанка.
„Кучиња има и во градот и во околината. Навистина претставуваат опасност. И за луѓето и за домашните животни. Нешто треба да се преземи. И во светот има тренд за заштита мегутоа и тие организации треба да поводат сметка. И по селата имаме големи штети од кучињата скитници и врз луѓе и врз домашни животни“, вели еден стружанец.
Градот се уште нема решение за овој проблем. Има само еден волонтерски приватен стационар, кој не може да излезе на крај со стотиците кучиња во градот.
-„Навистина состојбата со кучињата скитници е загрижувачка не дека ги има во голем број но колку и да се ризични се за пешаците и граѓаните и дење и ноќе. Работиме во делот на собирање. Има еден приватен стационар и со нив работиме имаме еден елаборат“, вели Рамис Мерко градоначалник на општина Струга.
Повредените од кучиња скитници во струшко најавуваат тужби до општината, ќе бараат отштета. Нанесените штети од страна на бездомните кучиња Струга годишно ја чинат илјадници евра.
Новинар Соња Рилковска