Заедничка грижа за правилно насочување на учениците

Во рамките на проектот на Министерството за образование и наука „ Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ , што го имплементира ОУ „ Ванчо Николески“ од  Лескоец, денеска ученици од прво до петто одделение од  подрачното училиште во Косел со нивни наставнички ја посетија општина Охрид.

Тие имаа средба со градоначалникот Јован Стојаноски и со Љупка Аслимоска Маркоска, вработена во Локалната самоуправа, родител на ученичка во второ одделение во подрачното училиште во Косел.

Целта на проектот е запознавање на учениците  од одделенска настава од подрачното училиште во Косел со институција во која работи  некој од родителите. Родителот Љупка Аслимоска Маркоска , во улога на наставник во просторијата во која работи, ги запозна учениците со нејзините секојдневни работни обврски, потребните стручни квалификации и предизвиците со кои се соочува.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани