Од септември во Македонија не требаше да има ниту еден граѓанин месечно ќе работи за помалку од 12.000 денари.
Такви беа најавите на владата, дека од овој месец ќе стартува примената на новиот износ на минимална плата, но Собранието навреме не ги донесе законските измени кои засегаат околу 130.000.
Само во текстилниот сектор се вработени околу 35.000 граѓани кои до сега земаа плата од 9.000 денари и со новото зголемување до 12.000 денари би земале една третина повеќе пари, пишува Алсат.
Законските измени за раст на минималната плата се на дневниот ред на денешната собраниска седница и треба да се изгласаат по брза постапка.