Започна фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“

Започна годинешното издание на меѓународниот музички фестивал „Охрид фест –Охридски трубадури“.

Синоќа се одржа првата Фолк вечер на која премиерно беше  исполнета 21 песна. Во текот на трите фестивалски вечери ќе бидат исполнети преку 60 песни кои покрај македонските пејачи ќе ги донесат вокални солисти од балканските земји Грција, Бугарија, Србија, Словенија, Црна Гора, Албанија, Хрватска, како и од Русија.

Фестивалската сцена годинава се пресели од Долни Сарај и таа е  поставена на шеталиштетото, на кејот од Охридското езеро, точно пред хотелот „Нова Ривиера“.

Вечерва на програмата се песните од поп вечерта, а во петок (8 септември) ќе се одржи интернационалната вечер во чии рамки во шоу програма ќе настапат Трифун Костовски и популарната пејачка звезда од поранешните југословенски простори – Владо Калембер, некогаш вокален солист на групата „Сребрени крилја“, чии хитови:  „Ана“, „Ја нисам коцкар“, „Вино на уснама“, „Чао аморе“ и „Сузана“ сè уште се пејат.


 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани