Утрово тчно во 07 часот беа отворени сите 89 избирачки места во општина Охрид. Гласањето се одвива без никакви проблеми.
Во избирачкото место 1273 „Методи Патчев“ од утрово имаше голем број граѓани, кои почитувајќи ги препораките за корона вирусот, го остваруваа своето право на глас.
Во Охрид вкупно гласаат 52 510 граѓани.

