Започна уривањето на базата на Нефи Усеини

Попладнево започна уриањето на базата на Нефи Усеини, советник во општина Охрид од редовите на ДУИ.

Усеини за Телма вели дека веќе една година чувствувал голем товар бидејќи непотребно бил обвинуван дека е главен виновник за тоа што постоеше опасност Охридскиот регион да го изгуби статустот на УНЕСКО.

-Сами започнавме да ја уриваме базата. Од општина Охрид и градоначалникот Георгиевски – барам да се изнајде решение и конечно да се излезе во пресрет на нашето и барањето на останатите бетонски бази кои се нелегално поставени и без соодветна документација и одобренија за обезбедување на соодветни локации каде ќе може да проодолжиме да ја извршуваме оваа дејност, вели за Телма Усеини.

Парцелата каде се наоѓа бетонската база  е во сопственост на Исламската верска заедница, која ја добила преку процесот за денационализација во периодот од 2013 до 2014 година.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани