Започнува реконструкција на затворениот базен во Струга

Директорот на Агенцијата за млади и спорт најави реконструкција на затворениот пливачки базен во Струга.

Станува збор за проект вреден 30 милиони денари, чија реализација според договорот е 2021 година. 


– Станува збор за нешто долго најавувано, ветено и со владината програма. Ова е еден од најголемите проекти на Агенцијата за млади и спорт, се со цел овој базен повторно да биде ставен во функција некаде до крајот на идната, почетокот на 2021 година, рече Каевски. Со реконстуркцијата на базенот многу ќе добијат стружани, спортот, но пред се пливачите и децата, за кои наша интенфција е да ги тргнеме од негативните влијанија и пороци и да го донесеме во спортските сали и базените. Со тоа верувам дека ќе се отворат и пливачки и ватерполо клубови, кои секако ќе дадат дополнителна вредност на Струга, рече Каевски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани