Од сабота започнуваат подготовките за Бадниковата поворка. Со почетокот на Божикниот пост започнаа и подготовките за големиот христијански празник Христовото раѓање.
Во САБОТА 02.12 во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ Охрид пријавување и прва проба за учество на Бадниковата поворка.
-Ајде и оваа година на 6-ти Јануари 2018-та гласно да го наговестиме Христовото раѓање!!!!, повикуваат организаторите.
Минатата година повеќе од 300 деца беа дел од величественета Бадникова поворка, што во Охрид се одржа по четврти пат.
