Запрена изградбата на минарето, пропишана и казна за инвеститорот

Запрена изградбата на минарето на Алипашината џамија во Охрид.

Инспекциските служби пропишале и казна, јавува Вечер.  Продолжувањето на изградбата на 32 метри високото минаре на Алипашината џамија во центарот на Охрид, кое изминатите две години предизвикува бурна реакција меѓу жителите на градот кои за денес најавија и мирни протести, е запрена од страна на инспекцијата на Управата за заштита на културно наследство. Како што ни посочија од оваа институција, инспекцијата која во петокот излегла на терен утврдила неправилности и отстапувања од конзерваторското одобрение поради што инвеститорот е и парично санкциониран.

“Проблемот е во тоа што инвеститорот не се придржува до конзерваторското одобрение и за џамијата и за минарето. По спроведениот надзор донесено е решение за запирање на работите. Иако инвеститорот тврди дека има анекс на конзерваторското одобрение, тоа не е доставено до нас и колку што знаеме, е предмет на Основното јавно обвинителство (ОЈО). Изградбата е стопирана и има парична санкција, што исто така беше направено и минатата година. Нашите ингеренции се до тука, а понатаму ингеренциите треба да ги преземе градежната инспекција”, вели Звонимир Николовски, раководител на секторот за превенција и инспекциски надзор на културното наследство, при УЗКН. Како што посочува Николовски, крајната цел е запирање на градежните активности со оглед дека, како што вели, неправилности има и во ентериерот на самата џамија

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани