Заврши асфалтирањето на 3 краци од улица „Питу Гули“ со што се подобрени условите за жителите од овој дел на градот.
Градежните активности се дел од годишниот план за санација на уличната мрежа и асфалтирање на тесни улички на подрачјето на општината, во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште. Асфалтирањето на улични краци ќе продолжи и во текот на наредниот период, на уште неколку локации во градот и останатите населени места, информира градоначалникот Константин Георгиевски.
