Заврши изборниот ден, впечатокот е дека имавме мирен изборен процес.
Заклучно до 18 часот, 49,3 проценти од граѓаните го оствариле своето право на глас во општина Охрид. Излезноста до 17 часот беше 44,74 проценти.
– Изборниот процес се одвива во фер и демократска атмосфера.Засега не се регистрирани никакви изборни нерегуларност, вели за Охриднет, Климент Камнароски претседател на ОИК.
Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, ни изјави дека денешниот изборен процес во Охрид но и во Струга, Кичево и Дебар поминал без нарушувања на јавниот ред и мир и без други форми на изборни нарушувања и дека имало мирна и стабилна безбедносна состојба.
Инаку, во Охрид, за локалните вонредни избори за градоначалник имаат 52.273 граѓани. Гласањео се одвиваше на 88 избирачки места.
