Годинешново 57-то Охридско лето измина во знакот на беспрекорна реализација, полни гледалишта, позитивни критики и задоволни уметници. Во овие овие 40 фестивалски денови се случи едно неповторливо доживување со големи музички звезди, врвни театарски престави, премиери, гости од целиот свет, распродадени настани после само два дена од нивното најавување, истакна во своето обраќање директорката Сузана Вренцоска.
Тоа зборува дека работата сме ја завршиле беспрекорно заедно со целиот тим кој стои позади целата реализација. Охридско лето е препознатлив белег на македонскиот културен идентитет и затоа настојувавме да го понудиме најдоброто од светската и домашната уметничка сцена. Со тимска работа, почитувајќи ја традицијата продолжиме да ја градиме вредноста на ова светско собиралиште на врвни уметници. Голема беше возбудата но и обврската да се организира секоја фестивалска вечер која благодарение на селекторите, Ѓорѓи Цуцковски и Зоран Љутков, изобилуваше со врвна уметност и атрактивни нови содржини. Имавме 57 настани ( музички, драмски, балетски претстави, и активности во делот на дополнителната програма). Покрај прекрасните концерти од областа на класичната музика и театарските претстави, понудивме атрактивни програми како џезот и проекти и во дополнителната програма. Се раскажа приказната за познатиот охридски бисер со промоцијата на домументарниот филм Бисер. Се реализира проектот Детски свет кој беше место за културно изразување за младите уметници да ги афирмираат своите потенцијали и идеи со што се предизвика позитивна стимулација на младите творци и истакнатите уметници.
Ја проширивме програмата на нови сцени а на постоечките создадовме поголеми услови за уметниците. Токму Свеченото затворање синоќа се случи во поранешната касарна Михајло Апостолски амбиент кој ја надополни приказната на претставата ,,Ничија земја,, режирана од познатиот Александар Морфов а во изведба на Македонскиот народен театар.
На 57-то издание на Охридско лето учество зедоа уметници од повеќе земји од Европа и светот, како Русија, САД, Канада, Австрија, Кина, Индонезија, Израел, Италија, Франција, Германија, Полска, Хрватска, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Ерменија, Турција и Грција. Според статистиката годинава бележиме и зголемување на продажбата на билети. На од он-лајн билети се купуваа од Австралија, Кина, Индија, САД, Англија, Белгија, Русија, Полска, Турција, Холандија и секако земјите од регионот.
Над 30 000 посетители, љубители на уметноста, од целиот свет дојдоа да уживаат на врвните музички и театарски настани. Се бараше место повеќе за концертот за Свеченото отварање, роденденскиот концерт, за настапот на Влатко Стефановски со Камерниот оркестар од Битола каде Долни Сарај беше претесен за сите оние кои сакаа да бидат дел од овој настан. Исто така и Света Софија беше исполнета до последно место. Она што исто така остави впечаток е рекордната посетеност на драмската програма каде гледалиштата на сите претстави без исклучок, беа преполни. Нашиот приоритет пред се е фестивалот, кој е под покровителство на Претседателот на Р Македонија, а финансиски подржан од Министерството за култура и има долга традиција од 57 години успешно постоење, да го задржи епитетот на високо реномиран европски фестивал. Во реализацијата на програмата огромана е подршката и од Локалната што во голема мера ни ја олеснува работата како и помошта која ја имаме од нашите спонзори, помагатели со кои заедно ја водиме успешната фестивалска приказна. И секако благодарност и до медиумите кои секогаш ни ја давате насоката дали сме на вистинскиот пат Фестивалот „Охридско лето“ е значаен партнер на ЕФА (Европска Асоцијација на Фестивали). Како нејзин член е од 1994 година, овој фестивал секогаш давал голем придонес кон мисијата на ЕФА и нејзините проекти. Културната политика што ја води установата е доближување на културата до граѓаните, збогатување на културните содржини со нови како и развој на културниот туризам со промоција на културното наследство.