Серија од неколку земјотреси, од кои најсилниот со магнитуда од 4.9 степени беа почувствувани утрово во близината на албанскиот град Корча.
Земјотресите беа почуствувани и ги вознемирија охриѓани.
Потресите се со епицентар на 10 километри јужно од Корча, Албанија, на длабочина од 10 километри. Најсилниот беше во 6 27 часот со магнитуда од 4,9; потоа следеа потреси со јачина 4,4 и 4,2 степени според Европската макросеизмичка скала.
Земјотресите беа почувствувани и во Охрид, Струга, Дебар и Ресен.