Зголемен бројот на питачи

Питачењето сериозен проблем во туристички Охрид и Струга. Најчесто на улица се сретнуваат деца од ромска националност на возраст од 7 до 14 години. Голи, боси и изгладнети просат пари од минувачите.

Од граѓанските здруженија велат дека станува збор за организирано питачење. Во текот на летниот период се носат сиромашни деца од друг градови, кои се отавени на милоста на граѓаните. Полицијата и ова лето реализира повеќе акции за отстранување на питачите од улица во двата градови.

-„Сакам да напоменам дека во текот на летниот период во Охрид и во Стрга имаме зголемување на бројот на лица кои што вршат питачење во централното градско подрачје и во оваа насока полициските службеници делуваат преветивно но и репресивно. Со оглед дека овие активности ги преземаме со Центарот за социјални рбаоти и ги повикуваме лицата кои вршат питачење и негативно влијаат во делот на јавниот ред и мир но и општата слика е негативна во оваа насока. “, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Најчесто лицата што питачат на брегот на Охридското езеро се од други градови: Битола,

Скопје,а ги има многу и од Источна Македонија. Оние кои се затекнати на лице место се предаваат на Центарот за социјални работи од каде се упатуваат до нивните места на живеење. -„Во првите шест месеци од оваа година регистриани се 15 случаи на питачење што претставува зголемување на ланските осум регистрирани во истиот период. Значајно е тука дека како полиција постапуваме не само по добиена пријава од граѓани туку и по наши согледувања и во рамките на нашите преземања секако имаме соработка и со центарот за социјални работи. Сите лица пред се се повикуваат во полициската станица и понатака мерките продолжуваат и по завршените активности лицата се враќаат во градовите од каде доаѓаат“, додава Димоски 

Законот за прекршоци предвидел и казни за питачење од 15 до 30 евра во денарска противредност.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани