Три лица жестоко се скарале по сообраќајка на „Туристичка“..
Според соопштението од канцеларијата за односи со јавноста во СВР Охрид, „вчера на пресекот на булеварите „Туристичка“ и „Асном“, во Охрид, по случена сообраќајна незгода, нарушен е јавниот ред и мир со карање , викање и агресивно однесување помеѓу Љ.Ч.(45), П.Ч.(38), двајцата од охридското село Мешеишта и И.М.(38) од Охрид.“
Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид вели дека „нарушителите се приведени во СВР Охрид по што ќе биде поднесена соодветна пријава“.

