Жител на Лескоец фатен со марихуана.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против жител на охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“. При извршен пртрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана и повеќе засадени растенија канабис сатива.