Жител на Мешеишта ги запалил возилата на вработени во шумска полиција

Жител на Мешеишта  запалил две  возила на вработените  во шумска полиција. 

-„На 05.04.2021 околу 03.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија  од слобода Н.Т.(33) од селото Мешеишта, општина Дебарца, поради сомнение дека околу 00.005 часот во селото Мешеишта, предизвикал пожар во две патнички моторни возила – „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на З.М.(41) од селото Лешани, општина Дебарца и „Санг јонг корандо“, сопственост на И.Ј.(48) од селото Требеништа, општина Дебарца, двајцата вработени во Шумска полиција Охрид. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани