Жител на Велешта нападнал полицаец.
ОВР Струга, поднесе кривична пријава против А.Ш.(54) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Тој, на 16.09.2020 година на ул.„Маршал Тито“, во Струга, физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејства.