Полицијата запленила и шишиња со непозната течност.
На 02.07.2020 година, по претходно добиена писмена наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес во гаража лоцирана на улица „Македонска“, во Струга, која ја користела В.М.(51) од Корча-Република Албанија. Притоа, пронајдени и одземени се четириесет и две хартиени кутии тутун „VIRGINIA ORIGINAL“, четири кутии со вкупно 43 ленти таблети „EXIPTOL ALBENDAZOLE“ 600 mg, осум стаклени шишиња со непозната течност и една пластична туба со непозната течност.
– Поради постоење основи на сомнение дека се работи за сторено казнено дело „даночно затајување“ по член 279 од кривичниот законик, В.М. била лишена од слобода и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

