Перформансот „Змија“ ќе биде изведен вечерва во Струга.
Македонскиот уметник Исмет Рамиќевиќ, вечерва во 20.30 часот во Струга,ќе го изведе перформансот „Змија“. Перформансот кој е дел од првата ликовна колонија „Културен мост“ во Струга, ќе се изведе на летната сцена во Домот на културата „Браќа Миладиновци“ во Струга.
