ЗНМ бара нападите врз новинари да се третираат како напад на службено лице

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски заедно со претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) деновиве  остварија средба со министерката за правда, Рената Дескоска.

 

На средбата се разговараше за изменување и дополнување на Кривичниот законик во насока на поголема заштита на новинарите и медиумските работници при нивното работење, како и воведување поголеми и поригорозни казни за напаѓачите.

Чадиковски истакна дека новинарските екипи мора да добијат поголема заштита од институциите при извршувањето на нивните професионалните обврски, каква што заштита уживаат службените лица.

Целта е преку овие измени на Кривичниот законик да се воспостави поефикасен систем на заштита на новинарите, со што би се придонело во иднина да има помалку напади врз новинарите и медиумските работници.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани