Прераната смрт на почитуваниот градоначалник на Општина Охрид, проф. Д-р Јован Стојаноски, длабоко ја погоди медиумската заедница во градот.
Во име на Здруженито на новинари на Македонија – Регионална канцеларија Охрид, изразуваме длабоко жалење и сочувство кон семејството на градоначалникот Јован Стојаноски, неговите најблиски и соработниците.
Како професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, Стојаноски имаше исклучително коректен однос кон медиумите, кој продолжи и потоа кога тој активно се вклучи во политичкиот живот на градот. Секогаш отворен, искрен и непосреден, градоначалникот Јован Стојаноски без исклучок ги почитуваше потребите на новинарите за информација, што е редок пример за професионализам и култура на однесување на избран функционер и политичар, со чувство за јавниот интерес и потребата од точно и одговорно информирање на граѓаните преку отвореност кон медиумите.
Здружение на новинари на РМ – Регионана канцеларија Охрид
