Кривична пријава за убиство од небрежност е следниот чекор на Блаже Блажески, кој веќе пет години талка по судско-здравствените лавиринти во обид да докаже дека лекарска грешка е причина за смртта на ќерката Елида Нестороска од Охрид, пренесува Макфакс.
Таа почина во јули 2018 година со 61,48 единица шеќер во крвта откога во охридската болница ѝ биле дадени пет шишиња декстроза.
„Јас сега ќе ѝ бапнам нова кривична пријава. Убиство од небрежност, член 126 од Кривичниот закон. Материјален надоместок не сакам. Сакам да се утврди вистината. Ако некој погрешил, да одговара, казна да му следува. Пари не сакам“, вели Блажески во својата изјава дадена за Макфакс.
