Академик Ѓорѓи Поп Атанасов: Не можеш да преговараш за својата историја и јазик

Никој не смее и не може да преговара за идентитетот и за македонскиот јазик. Треба да ја зајакнеме националната свест. Ако имаме свесни Македонци, цврсти и непоколебливи, тогаш ќе ја зачуваме државата, ќе ги зачуваме и идентитетот и јазикот, вели академик Ѓорѓи Поп Атанасов.

Според него Бугарите негираат се што е македонско, им пречи древната историја.

Не можеш ти да преговараш за своето минато, не можеш да преговараш за својата историја. Не можеш да преговараш за својата писменост, книжевност и јазик. Не може за својот јазик да преговараш или за својот идентитет. За тоа не се преговара. Бугарите си имаат една традиција на негирање на се што е македонско и се што е македонско тие го третираат дека е нивно“, вели академик Ѓорѓи Поп Атанасов изучувач на старословенската книжевност и старите ракописи.

Власта не се консултира со научната фела која ја познава добро оваа проблематика. Во комисијата нема претставници кои се занимаваат со писменоста , со Светиклиментовата црква, вели Поп Атанасов.

Тие имаат нешто што замислиле се договориле со бугарската страна и тие не сакаат да консултираат луѓе кои што се разбираат од таа работа оти ќе испадне дека не ќе може со бугарите да продолжат да преговараат и да продаваат се што е македонско. Зошто мене не ме прашале или некои други кои се познавачи на оваа проблематика, вели Атанасов.

Поп Атанасов е Македонец, роден во Бугарија, како средношколец бил осуден со група младинци бидејќи делувале за македонската самобитност и пребегнал во земјава.

Според него фактите и историјата се на наша страна Цар Самоил не бил Бугарин, туку ерменец, кој го формирал царството на територија на Македонија. Преславската и Охридската книжевна школа се сосема различни. За сите свои откритија, како професор и истражувач издал над 20 книги и 150 статии.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани