Акцијаши од бившите југословенски републики во посета на општина Охрид.
Акцијашите од Србија, Босна и Херцеговина и Словенија кои се во неколкудневна работна посета на Охрид, денес остварија средба со градоначалникот. Тие работат на расчистување на просторот во близина на хотел „Далјан“ од отпад и градежен шут.
Им се заблагодарив за нивниот ангажман и благородната општествена дејност со која се занимаваат и укажав на неопходноста до крајот на годината да се утврдат потребите на охридските акцијаши со цел да бидат предвидени средства од општинскиот буџет за наредната календарска година, информира градоначалникот Пецаков.