Акција за чистење на магистралниот пат до Свети Наум

ЈП Охридски Комуналец започна акција за чистење на магистралниот пат до Свети Наум.


Со цел да се обрати внимание на пошироката јавност за односот на поединци кон животната средина и донекаде да се ублажат последиците од загадувањето на природата, Ј.П.„Охридски Комуналец” започна акција за чистење на магистралниот пат до Свети Наум, информираат од ЈП Охридски Комуналец.

Акцијата ќе се реализира етапно и според наши искуствени проценки ќе трае околу две седмици.


Ќе се подигнува тешко разградливиот отпад (отпадоци од пластика, лименки, картонска амбалажа и др.) од овој патен правец чие одржување не е во наша надлежност, но во интерес на граѓаните, пристапивме кон расчистување на оваа фреквентна делница, информираат од јавното претпријатие.

Social profiles