Аргентинецот Матијас Дијас Хернандес прв ја исплива патеката „Климе Савин“
Се одржа 35 – от Охридски пливачки маратон. На патеката „Климе Савин“, од Свети Наум до градското пристаниште денес најбрз беше аргентинецот Матијас Дијас Хернандес. По повеќе од шест часа во вода и битка со брановите, втор на целта пристигна италијанецот Франческо Гетини.
На традиционачната спортска манифестација, која годинава се оргнизираше под покровителство на општина Охрид, учествуваа осум пливачи меѓу кои двајца од земјава Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, кој го освои третото место.
-По петти пат учествувам на маратонот, трката денес беше мнгу тешка, водата е навистина ладна, големи бранови имаше. Среќен сум многу што успеав“, вели Матијас Дијас Хернандес.
-Прв пат учествувам на Охридскиот мратон, долга трка. На крајот беше многу ветровито и бранови. Беше тешко, особено псоледниот час беше многу тежок, вели Франческо Гетини. Пливач од Италија
Пливачите ги пречекаа аплаузи и овации и честитки од претстедателот на државата Стево Пендаровски и градоначалникот Кирил Пецаков.
Се надеваме дека наредната година ќе имаме многу повеќе пливачи а затоа гарант е состанокот кој што го договоривме со пливачката федерација уште во октомври оваа година. Да имаме поголем период во кој што ќе припремиме и ќе најавиме многу повеќе иновации со пливањето, но за тоа ппотоа, вели градоначалникот Кирил Пецаков.
Охридскиот ливачки маратон е белег на градот , но веќе две децении нема натреварувач од Охрид , а тоа се должи на немањето услови за тренирање. Се уште не е завршен затворениот пливачки базен, чија изградба започна во 2015 година.
Новинар Соња Рилковска