Во охридската болница се одржа симулација за мозочен удар

Во охридската болница се одржа симулација за мозочен удар.

Активноста за симулација на мозочен удар е заедничка иницијатива поддржана од ,,Angels initiative” https://www.angels-initiative.com/ глобална заедница на центри за мозочен удар и болници подготвени за мозочен удар, кои работат секој ден на подобрување на квалитетот на третманот за секој пациент со мозочен удар. а организирана од невладина организација за мозочен удар,,Мозочен удар” , Општата болница од Охрид и Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Охрид .

Оваа симулација имаше за цел да создаде реално искуство кое ги вклучува предизвиците и динамиката при работата на здравствените служби со болни од мозочен удар. Активноста вклучува мултидисциплинарен пристап, здружувајќи ги здравствените работници од службата за итни случаи и тимовите од Одделот за неврологија при Општа болница Охрид со цел да се подобри подготвеноста и координацијата во управувањето со случаите на мозочен удар.

May be an image of 3 people, xray, hospital and text that says '2095 BrightSp'
Низ креирани симулирани сценарија за мозочен удар кои имитираа ситуации од реалниот живот вежбата се одржа во Охрид на 22.02.2024 год и во неа учествуваа Здравствените работници од различни профили од Охрид , вклучувајќи ги тимовите од службата за итна медицинска помош, невролозите и радиолозите од Општа болница Охрид како и медицински сестри, болничари и целокупниот помошен персонал.
Целта е да се формираат интердисциплинарни тимови кои засилено ќе работат заеднички за да ги проценат, дијагностицираат и навремено ќе ги третираат случаите на мозочен удар од првичниот итен повик до прием во болница и третман.
Цели на активноста беа подобрена соработка, координација меѓу тимовите , подобрување на вештините и ефикасноста во работата на сите нива и обезбедувајње на навремен и координиран одговор.

May be an image of 3 people and hospital

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани