Во Охрид се одржа обука за еколошка корупција

Здружението на граѓани ФЛОРОЗОН Центар за еколошка демократија Скопје, во периодот од 27-29 Ноември, во хотел Аквалина – Охрид, организира обука насловена “Вовед во еколошка корупција”. Целта на обуката е да се унапредат постоечките капацитети за препознавање и справување со ризиците од корпуција во областа на животната средина. Целна група на обуката се претставниците на основните судови, јавното обвинителство, граѓанските организации, младите, претставниците на институциите надлежни да развој и имплементација на анти-коруптивните политики во областа на животната средина и претставниците на локалната самоуправа. Обуката се проведува во рамките на проектот „Механизам за превенција од корупција“, чија главна цел е да даде придонес во борбата против корупцијата преку воспоставување соработка и партнерство помеѓу граѓаните и клучните антикорупциски институции и нивните соодветни тела.

Очекувани резултати од проектот се:
• Зголемено влијание и зајакната улога на граѓанското општество во креирањето
спроведувањето на јавните политики;
• Создадена овомозможувачка средина за локалните конституенти во адресирањето
на копрупцијата во животната средина;
• Зајакната јавна свест за импликациите на корупцијата врз животната средина

Проектот е финансиски поддржан од Кралството Норвешка, преку проектот SMART
Balkans.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани