Фестивалот на планински филм ЕХО, на 11ти и 12ти декември (понеделник и вторник) во Планинската Спасителна Служба при Црвен Крст Охрид (кај автобуската станица Охрид).
ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН; МЕСТАТА СЕ ОГРАНИЧЕНИ!
Најдолгата традиција во патувачкото кино, е посетата на Охрид, па така во организација со АК Патагонија, Културолошка иницијатива 5 до 12 и Планинската спасителна служба – фестивалот во Охрид гостува по 6ти пат.
Вљубениците во природата и планината од Охрид ќе можат да уживаат во 2-дневен настан, со селекција на филмови од последното издание на ЕХО, како и неколку презентации:
***** 11 декември, понеделник
Локација: Планинска спасителна служба – Охрид
Блок 1, 19:00 часот,
Видео презентација „5 години 5до12“, 10’
Претставување на најновата публикација на ЕХО: „Пат“ на Нејц Заплотник, 10’
„Еголенд“, Игнаси Лопез Фабрегас, Шпанија, 20’, 2022
„До планините и назад“, Мајк Квигли, Канада, 47’, 2022
ПАУЗА 15мин
Блок 2, 21 часот
„Чангабанг: Враќање на Светлечката планина“, Ник Ковалски, Нов Зеланд, 20’, 2023
„Илузија за изобилство“, Ерика Гонзалес Рамирез / Мати Лиетарт, Белгија, 2022, 60′
***** 12 декември, вторник
Локација: Планинска спасителна служба – Охрид
Блок 1, 19:00 часот
Презентација на АК Патагонија, 30’
„АлтаВиа 4000“, Лука Матасони и Марко Тоноли, Италија, 37’, 2023
„Момците на мостот“, Ник Розен/Питер Мортимер, САД, 28’, 2022
Пауза 15мин
Блок 2, 20:45 часот
„Над земјата, под ѕвездите“, Марк Марфи, В. Британија, 2022, 18′
„КМ 82: Гласот на носачите на Камино Инка“, Маринел де Хесус, САД, 2023, 25′
„Едланже: слобода на врвот на прстите“, Нилс Мартин, Франција, 52’, 2023