Градоначалникот Пецаков изрази жалење за откажувањето на Охридскиот пливачки маратон

Градоначалникот Пецаков изрази жалење за откажувањето на охридскиот маратон

Изразувам огромно жалење поради информацијата дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон, кој е под покровителство на Претседателот на Македонија, пишува Пецаков.

Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки, смета градоначалникот.

Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон, вели Пецаков.

Несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење и со тоа неможност да се задржи брендот во маратонското пливање.

Жалам за љубителите на водени спортови и гостите што се дојдени на одмор на охридското крајбрежје што Охрид нема да има можност да ги пречека најдобрите светски пливачи кои нема да ја почувствуваат магијата на водата во македонскиот езерски бисер, додаде Пецаков.

Апелирам да престане уништувањето на националните симболи и манифестации по кои е препознатлива Македонија, напиша градоначалникот Пецаков на својот фејсбук профил.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани