Екипите на Комуналец расчистуваат по невремето

По поројните дождови екипите на ЈП Охридски Комуналец веднаш на терен.


По нестабилното време кое го зафати охридскиот регион во попладневните часови, проследено со поројни дождови и силен ветер, дежурните екипи на Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш излегоа на терен.


Се интервенираше на критичните места каде од обилните врнежи се наталожија наноси од песок, земја и др., а посебен акцент се стави на охридската чаршија, градското шеталиште, како и во стариот дел од градот, информираат од ЈП Комуналец.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани