Жена падната од социјалната зграда, станарите се сомневаат на обид за убиство

Жена падната од трет  кат од социјалната зграда. Очевидци сведочат дека се работи за обид за убиство. Станарите велат слушнале вербална расправија, турканица на тераса,  а потоа телото на жената било на земја. Полицијата работи на расветлување на настанот.

Според првичните информации се работи за жена од Скопје, која била во врска со еден од станарите. Лишени се од слобода две лица.

-Денеска во 11.10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека од трети кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, паднала жена која потоа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Во врска со настанот, во 11.45 часот, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, лишени од слобода се А.Д.(32) и Е.М.(21) двајцата од Охрид. На местото на настанот, увид вршат Јавен обвинител и полициски екипи и се преземаат мери за целосно расветлување на настано, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Поведената е на возраст од околу 35 години. Неофицијално дознаваме дека   била  во свесна состојба и на распит кажала дека сама паднала, но очевидците сведочат поинаку.

Од болницата „Св.Еразмо“ во Охрид велат дека биле констатирани тешки телесни повреди, искршени ребра а како последица на тоа и воздух во градната шуплина па жената била веднаш препратена на Хируршкото одделение во Општата болница во Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани