Жители на Долно Лакочереј со поплаки до ЕВН

Жители на Долно Лакочереј со низа поплаки од ЕВН. Поради дефект претрпеле штети и бараат отштета.

Нивното соопштение до медиумите го пренесуваме во целост.


На 02.09.2022 год. во раните утрински часови, поточно во 5 часот, настана дефект во мрежата на ЕВН на потегот од крајот на населбата Радојца Новичиќ и влезот на с. Долно Лакочереј. Од информации кои цел ден ги добиваме од жителите, се започнало со пукање на штековите каде се приклучени апарати, како и сијаличните места, при што во стотина семејства се настанати огромни штети бидејќи се изгорени голем дел од апаратите за домаќинство, фрижидери, шпорети, бојлери, клима уреди, машини и останати електрични уреди. Иако дефектот е пријавен уште веднаш после 5 часот, првите екипи излегле на терен после 7:30 часот, до кое време на една од фазите нема напон додека на друга фаза и нулата има напон од 400 волти.
По ова дел од жителите пристапиле во ЕВН Кец-Охрид да ги пријават штетите од каде што се пожалија дека не добивале документ дека поплаката е примена и биле информирани дека ќе се формира комисија за штети но без конкретни одговори кога ќе се реши и дали ќе се реши бидејќи не биле сигурни дека проблемот е од нивна страна.
Жителите прашуваат, дали ЕВН е свесна дека голем дел од семејствата се оставени без греење, без фрижидери при што се соочени со фрлање на храната, без шпорети за готвење, без машини за работа итн.
Сите се едногласни и бараат ЕВН сериозно да се зафати за работа и да не бараат начин за изигрување на оштетените, туку час поскоро комисијата да излезе на терен и да направи реална проценка и исплата на штетите во најкус можен рок.
Повикуваме во проценките да се вклучат и од локалната, а да се вклучат и надлежните тела од владата да се испита проблемот за да не бидат луѓето изиграни, стои во соопштението на жителите.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани