Жител на Тефериќ струшко фатен со пиштол.
-„На 06.07.2023 година во 18.40 часот, во ОВР Струга приведен е О.Е.(21) од струшкото село Тефериќ. При контрола на патничко возило „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки што тој го управувал, претходно извршена на регионалниот пат Струга-Дебар, кај месноста „Моројшки мост“, полициските службеници од инспекторатот за борба против дрога и оружје, кај него пронајдоа и одзедоа еден пиштол и една рамка за пиштол, што нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот за кој, известен е јавен обвинител, против О.Е. ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
