Во вевчани започнува реконструкција на улицата Трафо-Бубаној-Смолејца.
Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион, обезбедени се финансиски средства и отпочнати се проектни активности за реконструкција на дел од локална улица Трафо-Бубаној-Смолејца, на потегот од раскрсница Попој до Смолејца.
Во тек е постапка за избор на изведувач и по завршување на административните процедури ќе се започне со градежни активности.