Шестнаесетгодишниот, Марко Пејчиновски од Охрид е пливачки херој, кој испиша уште еден историски усех. Утрово, по речиси 22 часа пливање успеа да мине неверојатни 64 километри во Охридското езеро пливајќи водлж и попреку на релација Охрид-Струга-Свети Наум-Охрид.
Тој започна со пливање вчера нешто пред 12 часот на пладне, а утринава пред 10 часот пристигна на охридското пристаниште.
Аплаузите и повиците од насобраните граѓани го кренаа од водата и успеа со кренати раце да ги отпоздрави.
-Како се чувствуваш? Супер, супер но уморно.
Што беше твојот мотив? Да си ја поправам грешката од 2019 година.
Друга мотивација:? Да , мајка ми
Која делница беше најтешка? Сите беа подеднакво тешки, вели Марко Пејчиноски.
Пливаше ден и ноќ, под сонце и месечина, следен од неговиот тим и официјални набљудувачи кои го верификуваа подвигот. Со ова Марко ги комплетира најавените 10 препливувања на разни релации на Охридското Езеро, во вкупна должина од 250 километри, нешто што до сега никој го нема направено.
Усехот на Марко е дотолку поголем бидејќи поради здравствени проблеми инфаркт на коска на долните екстремитети, тој плива само со раце.
Марко пред три години направи подвиг за паметење, откако за околу девет часа го преплива Охридското Езеро од Свети Наум до Охрид. Тогаш, тој беше најмладиот пливач кој ја препливал таа релација, со што влезе меѓу легендите на пливачкиот маратон.
Новинар Соња Рилковска