Во наредниот период Младински Центар Охрид на својата веб страна ќе спроведува онлајн кампања преку која ќе споделува корисни информации и интересни факти за културните споменици во Охрид, локалитети, музеи итн. наречена: „Истражете го Охрид: дигитална одисеја низ културните знаменитости и музеи“.
Информациите се преземени од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.
Кампањата ја започнуваме денес со информации за Куќата на Робевци.
Линк од првата објава Истражете го Охрид: Куќата на Робевци има централно место во културната ревитализација