И во Подгорци се одбележа Свети Василиј

Во Подгорци,на петнаесет километри од Струга во подножијето на планината на Јабланица на 900 м.надморска височина,селото „под гора“деновиве живее во зимска идила.

И оваа година, како и многу други изминзти години на 13 и 14 јануари Свети Василеј-Велики, или Стара Нова година се двата дена кога подгрчани и Подгорци го отсонуваат она за што сонувале цела година. На 13 јануари, првиот ден од празнувањето во вечерните часови најмладите деца го најауваат карневалот со посета на секое домаќинство, децата маскирани одат и пеат и ги канат домаќините во име на Василичарското друштво да земаат учество.
На 14 јануари во раните утрински часови, кога маскираните подгоречки – василичари,предводени од зетот и невестата, Бојан Ѓорѓески и Атанас Блажески тргнуваат од црквата Свети Никола а оваа година се упатуваат на селската главна чешма Клајнец за да се наполни вода за здравје, а потоа секоја домаќинка носи Василичарка и ги става на чешмата, полни вода од селската чешма која претходно е осветенса за домаќинките да месат Кашаник со паричка. Потоа дефилето почнува од најдолната куќа на селото, одејќи од мало до мало и од куќа до куќа, честитајќи ја Новата година, со бакнување на рака на домаќинот од страна на невестата ,а пак домаќинот ја дарува невестата и зетот со пари, а сите други василичари и присутни гости кои ја следат поворката ги почестува со топла ракија и мезе.
Се смета дека подгоречките василичари имаат традиција колку што е старо селото. Подгоречката порака на сите василичари е: „ЗА МНОГУ ГОДИНИ, В ГОДИНА ПОВЕСЕЛИ И ПОРАДОСНИ.

Текст и фото:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани