И граѓаните да бидат дел од заштитата на културното наследство

Охрид не е музеј, но е светско наследство и треба да се развива во строго утврдени рамки, смета научната фела, која апелира на доследно почитување на препораките на Унеско. Недоволната грижа го доведоа регионот во опасност да биде впишан на листата загрозено подрачје.
Според експертите грижата не е само на институциите,потребна е поголема свесност и од страна на населението.

-„Она што сакам да го истакнам е дека институциите секако ја имаат својата улога, но и ние како граѓани. Ние како граѓани треба да знаеме дека културното наследство е предмет на заштита во еден поширок контекст. Секое наше делување, било да е тоа економско поврзано со целокупната наша активност мора да биде во духот на заштитата“, вели професорот по културно наследство на ФТУ Охрид Сашо Коруноски.

Не само за вековните споменици, поголема грижа е потребна и за објектите од поновата историја, кои се симболи на градот, велат историчарите.

-„Јас често знам да кажам секој камен има своја приказна. Така да во градот Охрид несомнено покрај убавината е културно историскиот аспект на градот. Дури и во поновиот период 1707 постојат споменици од понов период кои биле дел од општественото живеење како хотелот Палас, кои значат“, вели Никола Митровиќ историчар.

На последната Конференција на Унеско во Париз заклучокот на Комитетот е дека е забележан ограничен напредок во однос на спроведувањето на препораките на мисиите.
Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани