Од водите на Охридското Езеро вчера доцна попладне, извадено е безживотно тело на возрасна жена.
Информацијата за МИА ја потврди полицијата. Случајот во СВР Охрид го пријавиле граѓани.
Безживотното тело било забележано околу 16 часот во близина на Канео и во полиција било пријавено од случаен минувач.
Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот и идентификација на лицето.
МИА