Кумановец нападнал полицаец во Охрид

Кумановец нападнал полициски службеник на должност во Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. Тој, на 18.08.2022 година во 21.15 часот, по претходно нарушен јавен ред и мир на улицата „7 Ноември“ во Охрид, физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејствија, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани