Левица Охрид: Зошто бездомните кучиња завршуваат на депонијата Буково

Излагање на советникот на Левица, Виолета Аврамоска, во Советот на Општина Охрид во врска со предлог планот и програмата за бездомните кучиња на територија на општина Охрид.

,,Во врска со точка 5 од предлог планот, едукација и подигање на јавната свест кај населението, во делот за стерилизација и вакцинација за маалските и бездомни кучиња, јас поднесов иницијатива за субвенционирање за стерилизација на маалски и домашни миленици, со што би се придонело во намалување на бројот на бездомни животни.

Во делот за поттикнување на волонтери, отворање на прифатилиште, обука на луѓе кои ќе работат со животни, сметам дека ова најдобро може да се реализира преку соработка со здруженијата и активистите, за што, ние од Левица стоиме на располагање да помогнеме во остварување на соработката.

Најголема манипулација гледам во делот за еутаназија каде пишува дека еутаназија се врши кога животното е заболено од паразитски болест. Не можете да вршите еутаназија на животно заболено од шуга, затоа што шугата не е болест која не може да се лекува, стои во реакцијата на Левица Охрид.

Советничката Виолета Аврамоска постави и  прашања:

1. Дали и на кој начин би се спроведувал планот за вдомување? Преку објавување на ФБ страна или на друг начин. Не можете веднаш по стерилизацијата животното да го вратите на улица.

2. Зошто стерилизирани кучиња, неагресивни, се однесени на депонијата во Буково, за што викендов потврдија и активисти на Левица, кои беа на депонијата и фотографираа стерилизирани и неагресивни кучиња? Дали сметате дека местото на овие животни им е на депонијата или поради други причини?”

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани