Македонска иновација за гаснење пожар на литиумски батерии победи на светски натпревар

Македонска иновација за гаснење пожар на литиумски батерии победи на светски натпревар
Домашната компанија ВЕДА добитник на прва награда на меѓународен натпревар за иновации поддржан од Министерството за одбрана на САД
Производот за сузбивање на пожар од литиумски батерии (Fire Suppression Solution for Li –Ion Battery) на скопската компанија ВЕДА е добитник на првата награда на меѓународниот натпревар за иновации во областа на струја и енергија (Electric Power and Energy) организиран од американскиот акцелератор TechInternational, поддржан од Министерството за одбрана на САД. Негова цел е да поттикне учество на компании од целиот свет чии иновации можат да бидат применети во разни области за нивните потреби. Преку акцелераторот, избраните компании добиваат знаење и поддршка со која интернационалните компании кои се занимаваат со истражување и развој можат да се инкорпорираат и вклопат во бизнис моделите на американската армија.

Акцелераторот делува како катализатор за раст за компаниите преку различен вид на менторство. Со тоа се забрзува процесот на транзиција за компаниите за да можат полесно да соработуваат со американската армија и други организации на Министерството за одбрана, со цел да се изнајде решение за критични проблеми во клучни области.
Наградената македонската иновација е на Борис Јанковски чија компанија уште од своето основање во 1991 работи исклучиво на истражување и развој на нови технологии. ВЕДА е компанија која во своето портфолио има неколку иновативни технологии што ги има продадено низ светот.

Последната иновација е решение за двостепена заштита на литиумските батерии но внатре во самото пакување како интегриран ситем на целата батерија.

Литиум јонските батерии се употребуваат во електрични возила, тротинети, автобуси, акумулатори и друга опрема која користи електрична енергија.

Повеќе на Иновативност.мк

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани