Марината да се изгради на реката Далјан


Екологистите предлагат изградба на марина на вливот на реката Далјан во Охридското Езеро. Според нив овој инфраструктурен објект треба да се изгради според високи еколошки стандарди, на вливот на реката да има и пречистителна станица.


Каналот Билјанини извори не смее да се користи како импровизирана марина, надлежните треба итно да преземат мерки, апелираат еколозите.

-Да биде еколошки чиста, по стандари. Исто така и реката Грашница да се пренсочи да се влева во реката далјан и исто така да се направи мини пречистителна станица и водата да се влива во Охридското Езеро еколошки чиста од прв и втор степен на загаденост затоа што Охридското Езеро претставува голем економски потенцијал со 56 км кубни водена маса и со климатските промени Европа и светот ќе се соочат со недостаток на вода, вели Лазе Наумоски екологист од Охрид.


Со години се зборува за изградба на марина, се правеа нацрт проекти, елаборати, но најчетса дискусија е локацијата. Според екологистите марината мора да се изгради надвор од градот.

-Таа марина што ќе се направи на реката Далјан , водата нема да се движи кон Охрид ќе оди кон Струга и на истекот на Црн Дрим, но ќе биде помината низ мини пречистителна станица која би се изградила и ќе биде чиста еколошки незагадена вода. На тој начин ќе се реши проблемот со марината, а овде пристаништето во Охрид ќе си остане како место за да доаѓаат сите такси пловила да се стационираат и после да се враќаат таму, додава Наумоски.


Каналот Билјанини извори со години се користи како имровизирана марина. Потребата од изградба на марина со вода, струја и дотур на гориво, последните години е се поголема, поради зголемениот број на пловила. На Охридското езеро има илјадници пловила, а место за паркинг во каналот, за само 250.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани