Марко Пејчиноски на прием кај градоначалникот Пецаков

Младиот пливачки херој Марко Пејчиновски, кој изминатиот викенд исплива 64 километри во водите на Охридското Езеро, на релација Охрид – Струга – Свети Наум – Охрид, денеска на прием кај градоначалникот Кирил Пецаков.

Кои

Фасциниран сум од храброста и посветеност на овој исклучителен млад охриѓанец и не постојат доволни силни зборови со кои може да се упати најсоодветна честитка за неговите легендарни подвизи во пливањето, на кои се горди сите охриѓани, изјави Пецаков.

Како и до сега Општина Охрид ќе дава поддршка на младиот Марко со надеж дека и во иднина ќе продолжи да биде спортски пример за неговите врсници и идол за идните генерации, најави градоначалникот.

Со Марко разговаравме за условите за развој на индивидуалното пливање и водените спортови во Охрид при што беше потенцирано дека е потребно што поскоро да се создадат услови за тренинзи во затворен простор, што е од особена важност во зимските месеци, вели Пецаков.

Марко Пејчиноски има 16 години и е најмладиот пливач кој го препливал Охридското Езеро од Охрид до Свети Наум во двата правци. Со последниот пливачки подвиг, Марко ги заврши најавените 10 препливувања на разни релации на Охридското Езеро, во вкупна должина од 250 километри, што е своевиден рекорд, кој до сега не го постигнал ниту еден пливач.

Social profiles