Во пријатна и опуштена атмосфера со многу позитивна енергија вчера во “Музеј на македонската борба” во Скопје, се оддржи шестото по ред издание на настанот “Жени претприемачки”, во чиј склоп, беа доделени наградите за “Жена на годината 2023 во вкупно 10 категории.
Меѓу избраните, се најде и познатата охридска мејк ап артистка Мери Бајрамоска.
-„Голема чест, задоволство и одговорност е да се понесе титулата, според гласовите на публиката и жири комисијата сум победничка во категоријата: – Инфлуенсерка на годината, во конкуренција на уште 4 други дами кои се најдоа во финалниот избор. Ова награда ми преставува голема чест и поттик за понатамошен успех бидеќи, не е доволна само моќта на тоа што го работите туку треба некој и да го препознае тоа.Ве сакам на сите и ви благодарам на поршката без Вас мојот сон не би бил реалност“, изјави Бајрамоска.