Наставните програми се готови, но учебниците ќе доцнат во првите месеци од учебната година.
На анонимниот конкурс дел од ракописите се избрани, но има и такви кои се со забелешки од рецензентските комисии и треба да претрпат одредени измени/дополнувања. Откако авторот/авторите ќе ги имплементираат, повторно ракописот со измените се враќа кај рецензентите заради констатирање на измената. Така што, при евентуално пролонгирање на постапките и по стартот на учебната година, учениците ќе го совладуваат знаењето преку подготвени соодветни материјали, додека не ги добијат новите учебници, велат од Министерството за образование.
Во меѓувреме, во тек е и постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците, а на 12 август беа отворени пристигнатите понуди.